За нас

Заедно со вас од 1969

Конфекција Фокабо почнува со работа 1969 година како кројачки салон за изработка на машка конфекција по мерка. Основач и моден дизајнер е Фоте Каранфилов, а кројачкиот салон е со седиште во населбата Мичурин во Скопје.
Со отворање на Градскиот Трговски Центар во 1972 година кројачкиот салон се префрлува таму. Тогаш почнува да работи како кројачки салон со кроење и шиење по мерка се’ до 1992 година кога дуќанот се проширува и почнува да продава готова машка и женска конфекција изработена од високо квалитетни материјали.
Фокабо учествува на повеќе саеми во светот и е добитник на повеќе награди, како златни статуетки на Модест во Скопје за квалитет и дизајн и многу други.
Во 1997 година Фокабо се проширува со над 100 вработени и повеќе продажни места низ Македонија. Фокабо во 1998 година започнува со производство на модели на машка и женска конфекција и за други светски познати брендови како што се MOSCHINO, JEAN PAUL GAULTIER, NINA RICCI и други. Денес FOKABO FASHION соработува со италијански и англиски брендови. Во модерно опремениот локал во ГТЦ, покрај моделите на Фокабо се продава и високо квалитетна машка конфекција од други светски брендови.

Fokabo sign

Колекција

пролет/лето 2018

Видео

Услуги

СЀ што ти треба

Важно ни е секој што ќе влезе во нашиот салон од истиот да излезе со надминати очекувања.
Затоа, секој потрошувач во Фокабо дополнително добива:

  • Стајлинг совети
  • Измена на крој по потреба

360°

Заедно со вас од 1969

Запознајте се детално со нашиот асортиман преку дигиталната 360° обиколка на нашиот салон.

За сите нови понуди

Следете не на facebook и инстаграм

Контакт

FOKABO FASHION - Тоа што ти треба

Локација:  ГТЦ I Кат
Телефон:  02 311 2784
Email:  fokabofashion@gmail.com

     facebook.com/fokabo.fashion
    @fokabo.fashion